Преку социјалните мрежи Фудбалската федерација на Македонија ги објави фотографиите од новиот дрес со моќна порака. Од ФФМ напишаа: „По деценија тишина – повторно во жолто“.
Според пораката, може да се заклучи дека во иднина Македонија веројатно ќе настапува со прва гарнитура дресови во жолта боја, а на градите освен логото на ФФМ се најде и македонското знаме.






