недела, 20 јули 2025

ФФМ го почна процесот за менување на Статутот

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во соработка со УЕФА и ФИФА денеска во Скопје го почна највениот процес на промена на Статутот на Федерацијата.

Објавено на

часот

Сподели

ФФМ информира дека се формирани се работни групи составени од претставници на ФФМ, УЕФА и ФИФА, кои веќе активно работат на изработка на првичната драфт верзија на новиот Статут. Мариана Трандафир – специјалист за управување со национални асоцијации, Енио Боволента – правен советник за статутарни и регулаторни прашања и Денис Бастари – менаџер на програмата „HatTrick“ се претставници на УЕФА, додека Емили Дом – раководител на активности поврзани со управување на национални асоцијации е преставник на ФИФА.

Процесот се води согласно домашната законска рамка и регулативите на меѓународните фудбалски тела, со цел да се создаде модерен и функционален акт што ќе ја унапреди внатрешната организација и функционирањето на Федерацијата.

„Верувам дека конечно Фудбалската федерација на Македонија ќе направи исчекор напред и ќе започне со процесот на измена на Статутот. Овој процес е едно од нашите последни ветувања и искрено, се надевам дека на почетокот на 2026 година ќе имаме нов, усвоен статут, изготвен согласно реалните можности во нашата држава.

Наша цел е да изградиме вистински фудбал, вистинска фудбалска организација и заедница на локално ниво. Согласно тоа, новиот статут ќе биде завршен чекор во овој процес и ќе биде усогласен со стандардите на ФИФА и УЕФА. Искрено ја цениме вашата поддршка и се надеваме дека нашата соработка во оваа насока ќе биде успешна. Конечно, по повеќе од 15 години, ќе добиеме целосно нов статут, со нова организациска структура и современа систематизација на ФФМ“, вели претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ