недела, 14 декември 2025

ФФМ го осуди инцидентот во Штип: Нема компромис со насилство од кого било

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) излезе со соопштение по повод големиот инциденто кој се случи во Штип кога родители на деца од Шкупи тепаа момчиња на Брегалница.

Објавено на

часот

Сподели

ФФМ го осуди инцидентот и порача дека ќе покрене дисциплинска постапка против Шкупи.

„Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) најостро го осудува инцидентот што се случи на натпреварот од младинските категории (генерации 2009/10) помеѓу екипите на Брегалница и Шкупи, кога група родители на гостинските фудбалери влегоа на теренот и физички нападнаа дел од домашните играчи.

Ваквото однесување е целосно неприфатливо и претставува грубо нарушување на спортскиот дух, фер играта и безбедноста на младите фудбалери.
Особено загрижува што едно од децата претрпе сериозни повреди, скршеници, како последица од нападот.

ФФМ најавува дека надлежните органи ќе поведат дисциплинска постапка и ќе преземат соодветни мерки за сторителите на инцидентот.
Ќе биде покрената дисциплинска постапка против ФК Шкупи и одговорните лица, со цел вакво недолично и опасно однесување никогаш повеќе да не се повтори.

Федерацијата уште еднаш потсетува дека секој чин на насилство на спортските терени е недозволив и строго ќе биде санкциониран.
Со насилство, од било кого и на било кое ниво, нема да има компромис.

Нашата заедничка обврска е да создадеме безбедна и позитивна средина за развој на најмладите генерации фудбалери“, стои во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ