сабота, 20 декември 2025

ФФМ ги продаде влезниците за гостувањето на Македонија во Белгија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) информираше дека сите билети наменети за македонските навивачи за квалификацискиот меч меѓу Белгија и Македонија се распродадени.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија на 10. октомври ѝ гостува на Белгија во меч од квалификациите за Светското првенство.

Во изминатите три недели можеа да се купат околу 1.000 билети кои беа понудени преку платформата на ФФМ. Сите тие се продадени.

Тоа значи дека нашата репрезентација ќе има сериозна поддршка на мечот против Белгија кој може да биде клучен за пласман на Светското првенство.

Натпреварот се игра во Гент, стадион кој нема голем капацитет (20.000 гледачи).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ