недела, 14 декември 2025

ФФМ ги одреди цените на билетите за мечот против Лихтенштајн

Фудбалската федерација на Мекдонија (ФФМ) ги одреди цените за квалификацискиот натпревар меѓу Македонија и Лихтенштајн кој се игра на 7 септември со почеток од 18 часот.

Објавено на

часот

Сподели

Во зависност од местото на седење, цените на билетите се движат од 300 до 500 денари.

„У.О. на ФФМ донесе одлука со која се утврдуваат цените на влезниците за натпреварот помеѓу А репрезентациите на Македонија и Лихтенштајн од квалификациите за СП 2026. Цените на влезниците изнесуваат 300,00 денари за западната трибина на Националната арена „Тодор Проески“. 400,00 денари е цена на билет за јужна трибина (блок 1, 2, 5 и 6) и северна трибина (блок 13, 14, 18, 19, 20 и 24). 500,00 денари е цена на влезница од Прва категорија, северна трибина (блок 21 и 23) и јужна трибина (блок 3 и 4);

Фудбалската федерација на Македонија ќе им овозможи бесплатен влез на источната трибина на младите фудбалери придружувани од своите тренери од Детска лига, фудбалските школи од регионалните лиги и сите млади категории (пионери, помлади пионери, кадети, младинци) во клубовите во системот на натпреварување на ФФМ“, стои во соопштението на ФФМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ