понеделник, 9 јуни 2025

ФФМ донесе одлука, Првата и Втората лига се намалуваат

Од сезоната 2026/27 Првата фудбалска лига во Македонија ќе има 10 клубови, а Втората 14.

Објавено на

часот

Сподели

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопшти дека ќе има промени во бројот на екипи кои ќе се натпреваруваат од сезоната 2026/27.

„Управниот одбор го усвои предлогот за промена на системот на натпревари од натпреваривачката сезона 2026/27:

Прва МФЛ: намалување на бројот на клубови од 12 на 10

Втора МФЛ: намалување од 16 на 14 клубови

Комисија во состав Агим Ибраими, Игор Франговски и Сашо Здравевски ќе спроведе дополнителна анализа и ќе предложи конечни насоки за системот на натпреварување и начините на промоција и испаѓање“, стои во соопштението на ФФМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ