Не чека возбудлив финиш на сезоната во Формула 1, Макс Ферстапен го зададе првиот удар и стигна до пол-позиција во Абу Даби.
И не само тоа, возачот на Ред Бул покажа супериорност во квалификациите откако во првиот брз круг беше за речиси половина секунда подобар од ривалите.
Ландо Норис и Оскар Пјастри се доближија во второто излегување на патеката, а Макс Ферстапен покажа дека е расположен за трка па го подобри своето постигнување и постави време од 1:22.207.
Ландо Норис ќе стартува покрај него во првиот ред, додека пак вториот ред е резервиран за Оскар Пјастри и Џорџ Расел.
Потоа следуваат Леклер, Алонсо, Бортолето, Окон, Хаџар и Цунода.






