Ферстапен кој ја возеше својата јубилејна 400. трка во билодот на Ред Бул, беше побрз од ривалите од Мекларен, Норис и Пјастри.
Најмногу загуби Пјастри кој трката ја почна од пол-позицијата, но заврши трет, пред него беше Норис.
Во квалификациите возачите на Ферари не беа ниту во најдобрите 10, но на денешната трка беа задоволувачки. Луис Хамилтон заврши четврти, а Леклер шести, меѓу нив беше Александер Албон.
Во топ десет се пласираа и Расел, Саинц, Хаџар и Цунода.
The points scorers! 👀#F1 #ImolaGP pic.twitter.com/Mz8rTcSi83
— Formula 1 (@F1) May 18, 2025
Во генералниот пласман прв е Пјастри со 146 поени, Норис има 133, а Ферстапен 124.