среда, 9 април 2025

Ферстапен испиша историја на „Сузука“ (ВИДЕО)

Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен го извозе најбрзиот круг во историјата на патеката „Сузука“ во Јапонија и ја освои пол позицијата.

Објавено на

часот

Сподели

Ферстапен од првото место ќе ја стартува трката за Големата награда на Јапонија откако денеска беше најдобар во квалификациите.

Квалификациите беа исклучително возбудливи бидејќи Ферстапен дојде до време од 1:26,983, што беше само за 0,012 секунди побро од она на Ландо Норис, а Оскар Пјастри заостануваше за победникот само 0,044 секунди. Вториот стартен ред го комплетира Шарл Леклер.

На петтото и шестото место се пласираше дуото на Мерцедес, Расел и Антонели. Исак Хаџер направи изненадување и ќе тргне од седмата позиција, осми беше Луис Хамилтон, а најдобрата десетка ја комплетираат Албон и Берман.

Трката за Големата награда на Јапонија се вози во недела со почеток од 7 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ