петок, 30 јануари 2026

Фер-плеј потег на ЕП: Германскиот голман ги собра аплаузите

Хрватската ракометна репрезентација не успеа да избори пласман во финалето на Европското првенство, откако во полуфиналниот дуел беше поразена од Германија со 31-28.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот го одбележа и редок фер-плеј потег. Во 37. минута, при водство на Германија од 21-16, Иван Мартиновиќ шутираше од девет метри, а топката по блокот заврши зад гол-аут линијата.

Германскиот голман Андреас Волф скокна по топката, а судиите сигнализираа дека тој ја допрел пред да излезе од теренот, што ќе значеше топка за Германија. Сепак, Волф призна дека не ја допрел топката, па поседот ѝ беше доделен на Хрватска.

Иронијата беше што токму Волф во продолжението на акцијата го одбрани ударот на Тин Лучин.

Германскиот голман подоцна беше прогласен за играч на натпреварот, а неговиот потег доби пофалби од ракометната јавност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ