Бројката е уште пофасцинантна ако се знае дека Јокиќ одигра само 33 минути на овој меч, во последната четвртина на теренот беше само две минути. Дури 52 поени постигна за три четвртини, во последната уфрли уште три за вкупно 55.
Имаше шут од поле 18/23, односно 78 проценти успешност. Промаши само еден од шесте обиди за тројка и две од 16 слободни фрлања. Имаше и 12 скокови и шест асистенции.
Јокиќ ја заврши првата четвртина со дури 25 поени, што е најмногу од играч во една четвртина оваа сезона во најсилната лига. Јокиќ така ја заврши првата четвртина со речиси двојно повеќе поени од сите негови соиграчи, бидејќи тие постигнаа само 14 поени во тој период.
Во составот на Клиперс, најефикасен беше Џејмс Харден со 23 поени, имаше и осум скока и пет асистенции.
Резултати:
Шарлот – Милвоки 111-100
Детроит – Чикаго 124-113
Њујорк – Орландо 107-124
Бостон – Мемфис 131-95
Мајами – Кливленд 116-130
Хјустон – Вашингтон 135-112
Њу Орлеанс – Портланд 117-125
Сан Антонио – Голден Стејт 120-125
Далас – Феникс 114-123
Оклахома – ЛА Лејкерс 121-92
Сакраменто – Атланта 100-133
ЛА Клиперс – Денвер 116-130
Фото: ЕПА






