понеделник, 14 јули 2025
Не сака да биде во сенка на лутиот градски ривал

Фенербахче подготвува одговор на Галатасарај: Трансфер бомбата се вика Нејмар

Фенербахче сака во втор план да го стави лутиот градски ривал Галатасарај па подготвува трансфер бомба во името на Нејмар.

Објавено на

часот

Сподели

Галатасарај оваа недела предизвика фудбалско лудило во Турција откако успеа да го убеди Лерој Сане да го напушти Баерн Минхен и да се пресели во Истанбул, повеќе од еден милион луѓе он-лајн го следеа летот на Германецот.

Популарните „лавови“ сакаат да донесат уште неколку звучни имиња, се споменува и ангажман на Хакан Чалханоглу од Интер, а се работи и на останување на Виктор Осимен.

Фенербахче не сака да биде во сенка на лутиот градски ривал, па сака да одговори на соодветен начин.

Последните информации велат дека „жолтите канаринци“ оствариле контакт со Нејмар и му понудиле можност да се врати во Европа.

Детали од предлогот не се откриваат, но се говори за дарежлив едногодишен договор со опција истиот да биде продолжен за 12 минути.

Кариерата на Нејмар е во надолна линија по неславната авантура во Саудиска Арабија, но Бразилецот е доволно звучно име да ги крене на нозе навивачите во Турција.

ФОТО: X/Santos FC

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ