понеделник, 8 декември 2025

Фантастично деби на Шошкиќ во НЦАА, Македонецот постигна речиси третина од поените за својот тим (ВИДЕО)

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Андреј Шошкиќ имаше одлично деби за Универзитетот Стони Брук во НЦАА лигата, беше најдобар на теренот.

Објавено на

часот

Сподели

Изминатото лето Шошкиќ го напушти Работнички и се пресели во САД. Од оваа сезона тој го носи дресот на Универзитетот Стони Брук, а ноќеска стартуваше новата сезона во НЦАА.

Стони Брук играше против Фармингдејл Стејт и победи со 66-59, а Андреј Шошкиќ беше главниот кошаркар во тимот и безмалку постигна третина од поените.

За 26 минути игра Македонецот даде 20 поени, со шут 7/10, вклучувајќи и две тројки 2/3 за тројка. Имаше и четири скока, една асистенција, две украдени топки и само една загубена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ