Лука Дончиќ беше прв стрелец на мечот со 38 поени, а особено се истакна со тројките погодувајќи осум од 14 обиди. Најважни беа два негови шута од далечина во драматичната завршница на мечот.
На пет минути до крајот, при резултат 109-109, Клиперси имаа напад. Во продор беше Дерик Џонс, но Дончиќ прво му ја украде топката, а веднаш потоа погоди и тројка. Минута и пол подоцна, Лејкерс имаа еден поен предност и напад. Дончиќ повторно даде тројка. На минута и пол до крајот, при водство на Лејкерс од 118-115, Дончиќ погоди од рекетот и изнуди дополнително слободно фрлање со кое ја потврди победата.
НБА лигата неговата партија во дербито ја нарече сензационална. Покрај 38. поени, тој имаше и 11 асистенции, шест скокови и три украдени топки. Ова беше негово враќање по четири меча пауза поради повреда.
Покрај Дончиќ, одлични партии за Лејкерс имаа и Ривс со 29 поени, Матурин со 26, како и Лопез кој реализираше 16 поени, но и 10 скокови. Во составот на Клиперс, најдобар беше Ленард со 31 поен.
Резултати:
Шарлот – Кливленд 113-118
Мемфис – Јута 123-114
Вашингтон – Индијана 131-118
Атланта – Мајами 97-128
Минесота – Далас 122-111
Њу Орлеанс – Милвоки 118-139
Оклахма – Бруклин 105-86
ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 125-122
Портланд – Денвер 103-157






