Иако постојат индиции дека може да остане уште една година во ПСВ Ајндховен, се погласни се шпекулациите дека би можел да го промени клубот.
Холандскиот новинар Рик Елфринк кој со години ги следи случувањата во ПСВ, пишува дека Перишиќ би можел да се пресели во Олимпик Марсеј кој исто како и ПСВ ќе настапува во Лигата на шампионите.
Хрватот и францускиот клуб се во напредни преговори и голема е веројатноста за трансфер.
За Перишиќ ова би било второ искуство во француската Лига 1 бидејќи на почетокот од кариерата играше за Сошо.
Фото: Fb/PSV