недела, 14 декември 2025

Фановите на Ливерпул со емотивна кореографија се простија од Жота и неговиот брат (ВИДЕО)

Со натпреварот меѓу Ливерпул и Борнмут вечерва започна новата сезона од Премиер лигата, а како што и се очекуваше почетокот на дуелот беше многу емотивен.

Објавено на

часот

Сподели

Ова беше првиот официјален натпревар на Ливерпул на Енфилд по загинувањето на Диого Жота, па навивачите на црвените се простија од Португалецот и неговиот брат кои пред нешто повеќе од еден месец го загубија животот во сообраќајна несреќа.

Прво во еден глас ја испеаја химната на клубот „You’ll never walk alone“ со бројни транспаренти со ликот и бројот на Жота, а потоа со едноминутно молчење им беше оддадена последна почит на двајцата.

За тоа време, на популарниот Коп беа испишани иницијалите и бројот на Диого Жота, а на соседната трибина на неговиот брат Андре Силва.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ