понеделник, 2 јуни 2025

Европската шампионка Даниела Алексовска влегува во кафезот за својата прва полупрофесионална борба

Нашата европска шампионка, Даниела Алексовска, на 4 јули ќе влезе во кафезот за својата прва полупрофесионална борба на престижниот настан ARMMADA 13 во Бачка Паланка, Србија. Таа ќе се натпреварува во категоријата до 52.2 кг против Ева Круз (Éabha Cruise) од Ирска.

Објавено на

часот

Сподели

Оваа борба ја означува првата појава на Даниела во кафезот по освојувањето на златниот медал на Европското првенство, и со овој настап, Даниела станува првата Македонка која стигнала до ова ниво во ММА (мешани боречки вештини) Спортот во женската конкуренција.

„Посветеноста на мојот тим “Д Стронгест” и поддршката од луѓето во Македонија ми даваат силна мотивација. Подготвена сум повторно да го бранам Mакедонското знаме“, изјави Алексовска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ