недела, 7 декември 2025

Европската мисија на Јанта Волеј продолжува во ЦЕВ купот

Единствениот женски претставник кој остана активен во европските клупски купови сезонава, шампионот Јанта Волеј Кисела Вода, откако го заврши настапот во квалификациите за Лигата на шампионите, ќе продолжи со натпреварување во ЦЕВ купот.

Објавено на

часот

Сподели

Одбојкарките на Никола Јаневиќ во 1/16 финалето од ЦЕВ купот ќе се соочат со хрватски Младост Загреб.

Првиот натпревар Јанта Волеј КВ го игра на домашен терен, на 26 ноември од 20 часот, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Реваншот се игра една недела подоцна, односно на 3 декември (20 часот) во спортската сала „Дом на одбојката Бојан Страниќ“ во Загреб.

Победникот од овој двомеч ќе презими во Европа и ќе обезбеди пласман во осминафиналето ЦЕВ купот, каде за противник ќе го добие подобриот од дуелите меѓу полска Моја Радомка и чешкиот тим Оломук.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ