Избраниците на Стевче Алушевски одиграа многу храбро и го натераа гигатот од Париз да се измачи за да дојде до бодовите во „Боро Чурлевски“. Пружија пелистерци сериозен отпор, а во завршницата влегоа и со плус два кои не успеаја да ги задржат.
По израмнетиот почеток на средбата парижани се наметнааи стигнаа до највисоки плус четири во неколку наврати. Сепак, пелистерци со добра игра во финишот на полувремето намалија на 14-15, а на пауза се замина со 15-18.
Во вториот дел Еурофарм Пелистер отвори со 3-0 и стигна до израмнување, а одново имаше период кој му припадна на гостинот. Во периодот до 50 минута битолчани заиграа одлично, а помогнати од голманите стигнаа и до првото водство (27-26). Потоа поведоа и со 29-27, меѓутоа на тоа ПСЖ одговори со 0-3. Иако делуваше дека парижани имаат се во свои раце, на крајот кикснаа во решавачките моменти и по одбраната на Хеидаридар и во контра Манасков погоди за реми.
Натпреварот со по десет гола го завршија Јахја Омар и Филип Кузмановски.






