среда, 11 март 2026

Еурофарм Пелистер со пораз од 20 разлика во Барселона заврши со ЛШ

Еурофарм Пелистер го заврши настапот во групната фаза од Лигата на шампионите со убедлив пораз на гостувањето кај Барселона, откако каталонскиот гигант славеше со 47-27 во „Палау Блауграна“.

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот за битолчани беше своевидна награда за настапот во тешката група, но избраниците на Стевче Алушовски немаа сили да му се спротивстават на фаворитот. Пелистер со шест бода го заврши натпреварувањето на седмото место во групата Б, пред Загреб.

Дуелот почна израмнето, со брзи акции и голови на двете страни. Пелистерци добро отворија со водство, меѓутоа бргу домашните се консолидираа и го презедоа приматот. Околу десеттата минута домаќините почнаа да се одлепуваат, а по серијата голови на Сола и Баруфет стигнаа до поголема предност. До паузата Барселона веќе имаше убедливи 24-15.

Во второто полувреме разликата дополнително растеше. Барселона рано стигна до двоцифрена предност и без проблеми го контролираше ритамот, па на крајот дојде до убедлива победа од 47-27.

Најефикасен на натпреварот беше Адриан Сола со седум гола. Кај Пелистер со по три реализации завршија Манасков, Видомски, Ристевски, Граховац, Хенигман, Кузмановски и Петар Атанасијевиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ