среда, 18 февруари 2026

Еурофарм Пелистер потпиша со репрезентативец на Хрватска

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер продолжува со засилувањата во пресрет на клучниот дел од сезоната и го комплетираше ростерот на позицијата кружен напаѓач.

Објавено на

часот

Сподели

Нов член на битолскиот тим е хрватскиот репрезентативец Никола Граховац, кој потпиша договор до крајот на актуелната сезона, со можност соработката да биде продолжена и за следната натпреварувачка година.

Со ангажманот на 27 годишниот пивотмен, клубот ја пополни празнината која настана по заминувањето на Мохамед Калед Валид на почетокот од годината. Граховац во Битола пристигнува од германскиот бундеслигаш Вецлар и веднаш ќе му се стави на располагање на стручниот штаб. Станува збор за ракометар висок 201 сантиметар, кој зад себе има настапи на највисоко ниво. Во Лигата на шампионите настапувал за Загреб и Веспрем, додека својата кариера ја започнал во Дубрава.

Граховац е стандарден хрватски репрезентативец, со учество на Европското првенство 2022 и Олимписките игри 2024. Со јуниорската селекција на Хрватска во 2016 година стигна до сребрен медал на Европското првенство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ