Официјано беше потпишано продолжувањето на „Платформата за ракометна Битола“. На потписот беа присутни претседателот на клубот Зоран Стерјев и градоначалникот Тони Коњановски кои ставија потпис на третиот договор за соработка меѓу општината и клубот.
Актуелниот договор истекува на крајот на сезоната, а сега двете страни потврдија дека проектот останува стабилен и во иднината.
Оваа платформа на Битола ѝ го врати трофејот во првенството на Македонија, бидејќи по долга пауза Еурофарм Пелистер стана шампион. Притоа, во Битола се вратија и натпреварите од Лигата на шампионите.






