сабота, 28 март 2026

Еурофарм Пелистер и Алкалоид ќе „трампаат“ бекови за следната сезона?

Ракометните клубови Еурофарм Пелистер и Алкалоид за следната сезона работат на индиректна трампа на играчи.

Објавено на

часот

Сподели

Алкалоид за следната сезона работи на трансферот на Ник Хенигман, кој по истекот на договорот со пелистерци би можел да заврши во „Автокоманда“. 30-годишниот бек кој во кариерата играше за Рибница, ПИК Сегед, Сен Рафаел и Шартр пред Пелистер би бил големо засилување за игра вод ва правци за Кирил Лазаров.

Од друга страна, кон Битола чекори Мартин Серафимов. Македонскиот репрезентативец заврши со Алкалоид и бара средина за следната сезона, па иако преговараше и со Вардар и Охрид, пелистерци делува дека се во пол-позиција за неговиот потпис.

Исто така, Алкалоид се очекува да го комплетира и трансферот на Нејц Цехте кој  би бил директна замена за Серафимов.  Овие информации ги сподели словенечкиот медиум „Хандбалија“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Handballia (@handballia)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ