Во едно од највозбудливите и најнавредливи НБА финалиња во поновата сезона, Оклахома ја совлада Индијана во седмиот решавачки натпревар со 103-91 и стигна до првиот шампионски наслов по преселбата во ОКЦ во 2008.
Мечот почна со шок, ѕвездата на „пејсерси“ Тајрис Хелибартон, кој стисна заби и играше со повреда на листот на ногата, ја скина Ахиловата тетива, и тоа откако погоди три тројки и реализираше 9 поени во краток временски период.
Тајрис Хелибартон во голема болка и солзи во очите го напушти теренот, но Индијана успеа да се опорави од ова, и на полувреме да замине со минимална предност од 47-48.
Но одбраната на Оклахома ја направи разликата во третата четвртина, го затвори пристапот кон кошот, домаќините овој период го добија со 33-20 и веќе тука беше решен победникот.
На стартот од последната четвртина, „тандерс“ избегаа на високи +24 (90-68), па Индијана не можеше да направи ново чудо и Оклахома се радуваше на прв шампионски трофеј по 1979 кога франшизата се викаше Сиетл Суперсоникс.
МВП на финалето беше Шеј-Гилџес Александар кој средбата ја заврши со 29 поени и асистенции. Џејлен Вилијамс имаше 20 поени. Чет Холмгрен додаде 18 поени.
ФОТО: X/OKC THUNDER