Ангеловски поднесе оставка по серија од шест порази во кипарската лига, Етникос ја прифати и Македонецот од денеска и официјално не е тренер на овој клуб.
Преку социјалните мрежи кипарскиот клуби изрази благодарност до Ангеловски за досегашната работа.
„Ти благодариме за напорната работа и професионализмот, но исто така и за коректниот однос кон сите во клубот. Балгодарност и до асистентот Милан Илиевски за соработката и посветеноста. Ви посакуваме успеси во иднина“, објави Етникос.






