Работнички соопшти дека тренерскиот двоец веќе не е дел од клубот и тие ќе бараат нов шеф на стручниот штаб.
„ФК Работнички ја прекина соработката со досегашниот шеф на стручниот штаб Алпарслан Ердем и тренерот Бобан Бабунски. Клубот им се заблагодарува за вредната и напорна работа и им посакува сѐ најдобро во иднина“, стои во соопштението.
По 13 одиграни кола Работнички е претпоследен со само седум освоени бода.
Фото: ФК Работнички






