понеделник, 8 декември 2025

„Епл“ и Формула 1 потпишаа договор вреден 700 милиони долари

Компанијата „Епл“ ги купи правата за пренос на трките од Формула 1 во САД, а вредноста на договорот надминува 700 милиони долари.

Објавено на

часот

Сподели

„Епл“ го заменува „ЕСПН“ кој досега ги имаше правата за Формула 1 во САД. Се работи за петгодишен договор кој на сила ќе стапи од 2026 година.

Информациите велат дека „Епл“ ќе плаќа околу 140 милиони годишно, што е значително повеќе од сумата која ја плаќаше „ЕСПН“, а таа изнесуваше 90 милиони долари годишно.

Идејата за овој бизнис на „Епл“ доаѓа по големиот успех на филмот посветен на Формула 1 кој беше во нивна продукција. Тој премиерно беше прикажан во јуни 2025 година и досега има заработено 630 милиони долари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ