понеделник, 29 декември 2025

Ентони Џошуа преживеа страшна сообраќајна несреќа во која загинаа две лица (ВИДЕО)

Легендарниот боксер Ентони Џошуа помина со полесно повреди во страшна сообраќајна несреќа во која загинаа две лица.

Објавено на

часот

Сподели

Посетата на роднини во Нигерија можеше да заврши трагично за Ентони Џошуа, легендарниот боксер бил инволвиран во страшна сообраќајна несреќа.

Како што пренесуваат локалните медиуми, возилото Лексус во кое патувал Ентони Џошуа, се судрило во паркиран камион на автопатот Лагос Ибадан.

За среќа тој поминал само со полесни повреди и бил пренесен во болница на дополнителни прегледи.

Сепак, сообраќајната несреќа била кобна за две лица, се верува дека тоа се возачот и совозачот, бидејќи предниот дел на возилото е уништен.

Полицијата се сомнева дека возилото во кое патувал Ентони Џошуа се движело со брзина над пропишаната, изгубило контрола при еден обид за претекнување и удрило во паркиран камион покрај патот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ