Емотивен меч за легендарниот Кевин де Брујне, белгискиот фудбалер го одигра последниот натпревар на домашен терен за Манчестер Сити.
Тој беше стартер на мечот, а навивачите на Манчестер Сити со огромен банер на трибините го поздравија својот крал.
За истакнување е и враќањето на Родри кој влезе во финишот од мечот на местото од Халанд.
Натпреварот го отвори Мармуш со фантастичен погодок во 14. минута, а Бернардо Силва во 38. минута зголеми на 2-0.
Во 67. минута Ковачиќ доби црвен картон, но силите се изедначија само седум минути подоцна кога и Кук заработи исклучување.
Во 89. минута Нико зголеми на 3-0, а во судиското продолжение Џебисон даде почесен гол за Борнмут поставувајќи ги конечните 3-1.