недела, 14 декември 2025

Емини даде четири гола, надежите до 16 години убедливо ја победија Црна Гора

Македонската репрезентација до 16 години со убедливи 5-0 ја совлада соодветната селекција на Црна Гора на вториот контролен меч кој се одигра на „Билјанини извори“ во Охрид, на првиот дуел ги совладавме со 3-0.

Објавено на

часот

Сподели

Медин Емини постигна четири гола на денешниот натпревар. Во 22. минута на асистенција од Адеми го даде првиот погодок. Предноста ја удвоивме на пет минути до полувреме со вториот погодок на Емини.

Во второто полувреме, нашиот напаѓач славеше хет-трик по само пет минути игра, а во 61. минута Емини го постигна и четвртиот погодок откако одзеде топка и шутираше во празната мрежа на гостинскиот голман.

Во 77. минута, Стефан Ристиќ го постигна својот втор гол во двомечот со црногорците за 5:0 по продорот на Крстевски. Во првиот состав на селекторот Исејни имаше многу промени во однос на првиот меч, но Македонија повторно беше доминантна и заслужено се радуваше на вториот триумф против Црна Гора.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ