сабота, 28 февруари 2026

Елмин Растодер со осми гол на последните девет меча, го води Тун кон титулата

Елмин Растодер продолжува да блеска во швајцарскиот шампионат. Македонскиот репрезентативец повторно беше стрелец за Тун во победата од 2-1 над Луцерн.

Објавено на

часот

Сподели

Растодер погоди во 29 минута и ја продолжи фантастичната серија. Ова беше негов осми гол на последните девет натпревари, период во кој Тун бележи само Победи.

Лидерот на табелата има дури 17 бода повеќе од Сент Гален и со огромна самодоверба ќе влезе во плеј-офот и разврската за титулата.

За македонскиот офанзивец ова е 11 погодок во првенството, на кои додаде и четири асистенции. Формата на Растодер сигурно го радува и селекторот Гоце Седлоски пред мартовскиот бараж за Светското првенство против Данска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ