Македонскиот фудбалер беше стартер и играше одлично, но во 57. минута падна на теренот и му кажа на Лоботка дека не може да продолжи да игра.
Мектоминеј веднаш сигнализираше до клупата на Наполи дека треба да се направи замена, Елмас мора да излезе.
Елмас излезе држејќи се за лицето. Се очекува во текот на вечерта да има попрецизни информации за колку тешка повреда станува збор.
Македонија во март игра во баражот за пласман на Светското првенство и доколку Елмас не може да настапи тоа би бил голем удар за нас. Да се надеваме дека повредата не е сериозна.






