Македонскиот фудбалер вели дека е среќен што пак е на местото кое буди посебни спомени за него.
„Тука освоив Скудето и Купот на Италија. Убаво е повторно да се биде во Неапол. Како и тогаш и сега во Наполи има одлични играчи и тренери. Има уште четири кола до крајот, ќе видиме што ќе се случи“, изјави Елмас.
Тој е среќен во Торино, но не знае дали ќе остане во клубот.
„Многу ми е убаво овде, имаме квалитетни играчи и силен тренер. Сепак, рано е да зборувам за тоа. „Се трудам секогаш да давам максимум. Одиме натпревар по натпревар, а за останатото одлучуваат претседателите на Торино и Лајпциг“.