четврток, 26 март 2026

Елмас: Ова не ни се случува првпат

Елиф Елмас е разочаран од поразот против Данска, тој потенцира дека вакви очајни резултати не ни се случуваат првпат и тоа треба да биде загрижувачки.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија со голема надеж и верба замина за Данска, но таму доживеавме вистински дебакл, бевме надиграни и примивме четири голови, а речиси и да не создадовме сериозна шанса.

„Не е првпат да ни се случува ваква ситуација, во моментов е тешко да се зборува и да се кажуваат приказни. Во првото полувреме беше добро, се поставивме како што требаше, одигравме максимално фокусирано, имавме и напади, но на крајот изгубивме. Долго време зборуваме дека кога ќе влеземе во второ полувреме мора да бидеме фокусирани, но не успеавме. Тешко е да се зборува со топли глави. Треба да работиме многу повеќе бидејќи не сме на тоа највисоко ниво“, рече Елмас по натпреварот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ