Наполи беше поактивниот тим на овој натпревар, но не создаде доволно чисти шанси за да го загрози голот на германскиот тим.
Елмас имаше солиден меч, во самиот финиш имаше една шанса за гол, но гостите се одбранија.
Арсенал со убедливи 3-0 дојде до трите бода против Славија во Прага.
Сака од пенал погоди во второто полувреме, Мерино даде два гола во вториот дел. Шпанецот играше како шпиц во отсуство на повредениот Ѓокереш и максимално го искористи тоа.






