понеделник, 22 декември 2025

Елмас и Наполи стигнаа до трофејот во Суперкупот, спектакулрен гол на Нерес (ВИДЕО)

Елиф Елмас и Наполи се радуваат на триумф во Суперкупот на Италија, вечерва во финалето славеа со 2-0 во пресметката против Болоња.

Објавено на

часот

Сподели

Наполи и Елиф Елмас се враќаат од Саудиска Арабија со трофеј во Суперкупот на Италија.

Вечерва во финалето со 2-0 славеа во пресметката против Болоња, херој на мечот беше Давид Нерес.

Во финишот на првиот дел, Бразилецот спектакуларно погоди од далечина и со лева биеше неодбранливо под пречката.

Истиот играч погоди и во 57. минута, по енда грешка на Болоња, одлично се снајде и ја префрли топката преку голманот за 2-0,

Елиф Елмас беше стартер и на теренот помина 68 минути, кога беше заменат од Ланг.

ФОТО: EPA

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ