четврток, 18 декември 2025

Елмас и Наполи го победија Милан и ќе играат во финале (ВИДЕО)

Елиф Елмас беше стартер во полуфиналето од италијанскиот Суперкуп во кое Наполи со 2-0 го победи Милан и се пласираше во финалето од ова натпреварување.

Објавено на

часот

Сподели

Македонскиот фудбалер имаше солиден настап во дербито со Милан, Елмас го почна натпреварот и од игра излезе во 77. минута.

Наполи поведе во 39. минута кога Хојлунд се обиде да додаде, Мењон топката ја турна до Давид Нерез на кој не му беше тешко да реализира за водство од 1-0.

Вториот гол беше дело на Хојлунд кој од тежок агол успеа да ја смести топката во мрежата на Милан поставувајќи ги конечните 2-0.

Наполи во финалето кое е на програмата во понеделник ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Интер и Болоња, тој меч се игра утре.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ