четврток, 11 декември 2025

Елмас доби 20 минути, Халанд испиша нова историја во ЛШ и помогна Сити да го совлада Наполи (ВИДЕО)

Манчестер Сити со 2-0 ја доби пресметката против Наполи во Лигата на шампиони, Ерлинг Халанд ја тресеше мрежата и стигна до 50 погодоци на 49 натпревари во најелитното европско натпреварување, со што го сруши рекордот на Руд ван Нистелрој.

Објавено на

часот

Сподели

Наполи и Елиф Елмас се враќаат со пораз од гостувањето на „Етихад“, по дваесетина минути игра стана јасно дека шампионот на Италија нема што да бара откако Ди Лоренцо заработи црвен картон.

Отпорот на гостите беше скршен во 56. минута, кога Халанд убаво со снајде и со глава го матираше Сергеј Миленковиќ Савиќ за 1-0.

Со овој погодок, Норвежанецот испиша нова историја, стигна до 50 погодоци на 49 натпревари во најелитното европско натпреварување и го сруши рекордот на Руд ван Нистелрој.

Победата беше потврдена во 65. минута, кога Доку се ослободи од неколку противници и ја затресе мрежата за 2-0.

Нашиот Елиф Елмас шанса доби во 71. минута, кога практично беше решен исходот на натпреварот.

На останатите вечерни натпревари, со двата гола на Рашфорд, Барселона славеше со 1-2 на гостувањето кај Њукасл, Ајнтрахт Фракфурот со убедливи 5-1 триумфираше против Галатасарај, а и Спортинг со високи 4-1 го победи Каират Алмати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ