Ељиф Елмас избран во тимот на 28. коло во Серија А
Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас се најде во идеалниот тим за 28. коло на Серија А.
epa12609144 Elif Elmas of Napoli (R) in action during the Supercoppa Italiana, the Italian Super Cup final between SSC Napoli and Bologna FC 1909, in Riyadh, Saudi Arabia, 22 December 2025. EPA/STRINGER
Фудбалерот на Наполи беше стрелец на гол за 2-0 во победата на неговиот тим од 2-1 против екипата на Торино в петокот. Елмас го даде вториот гол по асистенција од Матео Политано, а со тоа беше еден од најдобро оценетите играчи во својот тим.Добриот перформанс на македонскиот „дијамант“ го смести во тимот на колото со оценка од 7,0.Во идеалниот тим на 28. коло во калчото се најдоа: Мајк Мењон (Милан); Андреа Камбијасо (Јувентус), Адам Марушиќ (Лацио), Первис Еступињан (Милан); Да Куња (Комо), Ељиф Елмас (Наполи), Џонатан Рове (Болоња), Даниеле Малдини (Лацио); Киеран Боуви (Верона), Џанлука Скамака (Аталанта), Кенан Јилдиз (Јувентус).