Причината е одлуката на тренерот Дени Рол да го повлече Миовски од игра уште на полувремето, при резултат 2-0 за неговиот тим. Поранешниот фудбалер на Ренџерс, Крис Бојд, изненаден од ваквата промена, не криеше дека тој би биле незадоволен ако се нашол во позиција како Миовски.
„Ако јас бев на местото на Миовски, апсолутно би полудел од лутина. Немаше најдобар настап, но како напаѓач фрустрира кога гледаш дека друг кој не ја користи шансата, во овој случај Чермити, добива повеќе минути. Миовски доби само 45 минути, а секој напаѓач сака да одигра барем 60-70 минути, тогаш одбраните повеќе се отвораат и вие добивате повеќе шанса. Така влегуаш во форма. Со овие 45 минути и тука-таму на другите натпревари, Миовски нема да влезе во форма“, изјави Бојд.
Според шкотските медиуми, Миовски можеби не одговара на визијата на германскиот стратег Дени Рол, кој неодамна го наследи Расел Мартин. Поради тоа, не се исклучува можноста Ренџерс да направи промени во нападот уште во зимскиот преоден рок.
Фото: ФФМ






