Имено, Германците во последниот напад имаа два играчи длабоко во противничкото поле уште пред судискиот свиреж. Изведувачот дури ја фрли топката до еден од играчите во половината на Португалија кој даде гол за заверка на победата.
„На 59:55 германскиот играч со број 54 го изведе почетното фрлање по голот на Португалија. Проблемот настана бидејќи двајца германски играчи со број 5 и број 23 ја минаа централната линија пред судискиот свиреж. Потоа број 23 ја прими топката и постигна гол. Исправната процедура ќе беше повторување на почетното фрлање, но според нашата проценка тоа немаше да го смени поседот на топката“, стои во објаснувањето на ЕХФ.
Од Португалија стравуваат дека на крајот на групната фаза овој гол може да биде и решавачки во многу силната конкуренција.






