Историски успех на ракометниот клуб Алкалоид, стигна до европски трофеј и им се приклучи на Вардар и Кометал Ѓорче Петров кои претходно го направија тоа.
За жал, трофејот беше освоен по административен пат откако ракометарите на АЕК одбија да истрчаат на теренот и машки да го одиграат натпреварот во Скопје против Алкалоид. Изговор им беше неприсуството на нивните навивачи кои ја направија работата проблематична.
На ЕХФ му беше потребно време да донесе одлука, но европската куќа на ракометот не можеше да пресуди поинаку освен во полза на Алкалоид.
„ЕХФ Судот за ракомет увиде дека АЕК задолжително мораше да учествува на закажаниот натпревар. Со одбивање ги прекрши правилата и регулативите на ЕХФ и е виновен.
Одлуката на Судот е следната:
Резултатот од реванш дуелот од финалето на Европскиот куп на ЕХФ 2024/25 меѓу РК Алкалоид и АЕК Атина е 10-0 и 2-0 во поени. Првиот меч заврши со 29-25 за РК Алкалоид.
Така, РК Алкалоид е победник на Европскиот куп на ЕХФ за сезоната 2024/25“, стои во соопштението на ЕХФ.
Сега може да почне прославата на европскиот трофеј за Алкалоид која ќе беше сосема поинаква доколку тој беше освен на ракометниот терен пред полната сала со навивачи.