недела, 1 март 2026

Ефремовски: Немавме многу време со селекторот, очекувам подобро издание во Баку

Кошаркарската репрезентација на Македонија е во Баку, а таму ќе одигра натпревар против Азербејџан во претквалификациите за следното Европско првенство.

Фото: Кошаркарска федерација на Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Пред овој натпревар своите очекувања и анализа на одиграното даде искусниот Виктор Ефремовски.

Немавме многу време за работа со селекторот, но тој паметно го искористи секој момент и резултатот што го постигнавме за само неколку дена е навистина за почит. Одиме напред, чекор по чекор. Задоволен сум од мојата игра и од играта на останатите, сите вложивме голем труд. Сега фокусот е на она што следи, дуелот со Азербејџан, и очекувам уште подобро наше издание во Баку“, изјави Ефремовски.

Македонија е единствена максимална селекција со три победи во групата А, па уште еден триумф ќе биде голем исчекор кон следниот филтер од квалификациите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ