недела, 11 јануари 2026

Едоардо Бове ќе мора да си оди од Италија, веќе има интерес од познат англиски клуб

Едоардо Бове кој минатата година имаше срцев удар на терен на мечот меѓу Фиорентина и Интер полека, но сигурно работи на кам-бек на терените.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Италијанецот е под договор со Рома до 2028 година, ама јасно е дека нема да игра во калчото.

На Бове му беше вграден срцев дефибрилатор, а со таква направа не смее да се игра во Серија А. Слична беше ситуацијата и со Кристијан Ериксен пред неколку години кој беше приморан да замине од Интер.

Сега и Бове веројатно ќе замине во Англија. Веќе постои сериозен интерес, а најзагреан за потпис со италијанскиот играч е Вотфорд. Англискиот второлигаш може да ги исполни финансиските барања на играчот и клубот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ