недела, 14 декември 2025
Луди 48 часа на релација Лондон-Минхен

Една од најбизарните трансфер приказни ова лето сепак ќе има позитивен крај

Николас Џексон од Челси сепак ќе заврши во Баерн Минхен и еден од најбизарните транфер приказни ова лето ќе има позитивен исход.

Објавено на

часот

Сподели

Николас Џексон во саботата се качи во авион и летна за Минхен на лекарски прегледи со Баерн, но наместо да го комплетира трансферот, доби наредба веднаш да се врати во Лондон.

Лиам Делап заработи повреда, се очекува да паузира со месеци, па Челси не сакаше да остане краток во офанзивата и го блокираше трансферот на Николас Џексон.

Сенегалецот одби да се врати во Лондон и инсистираше трансферот да биде реализиран согласно претходно договореното, но доцна синоќа сите страни се сложија дека зделката нема да се случи.

Сепак, денеска се случи нов пресврт, Челси реши да го врати Марк Гиу од позајмицата во Сандерленд, па одново се стартуваа преговорите со Баерн Минхен.

Попладнево неколку извори објавија дека е договорена позајмица на Николас Џексон на „Алианц Арена“ вредна рекордни 15 милиони евра, а „баварците“ ќе имаат и опција во целост да го купат голгетерот.

На крајот лудите 48 часа завршија позитивно за Николас Џексон, кој падна во втор план по трансферите на Лиам Делап и Жоао Педро.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ