петок, 2 јануари 2026

Еден од најважните играчи на Хрватска дефинитивно нема да игра на ЕП

Ракометната репрезентација на Хрватска и дефинитивно ќе оди ослабена на Европското првенство.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Селекторот Дагур Сигурдсон до последен момент чекаше, ама Марин Шипиќ нема да биде подготвен да заигра на континенталниот собир. Кружниот напаѓач има повреда на коленото, а иако не беше на списокот Хрватите очекуваа добри вести од медицинскиот тим.

Сепак, стана јасно дека еден од најважните играчи на Хрватска нема да заигра на Европското првенство. Сигурдсон ќе го искористи Златко Раужан кој беше на списокот и игра во Сесвете, па тој ќе треба да понесе поголем товар.

Хрватска на Европското првенство ќе игра во групата Е во Малме против домаќинот Шведска, Холандија и Грузија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ