вторник, 9 декември 2025

Еден од најстандардните играчи на Барса беспари си отиде од клубот

Дефанзивецот на Барселона, Иниго Мартинез го напушти каталонскиот клуб и замина во Саудиска Арабија, ќе игра со Роналдо во Ал Наср.

Објавено на

часот

Сподели

Во договорот на Мартинез со Барселона имаше специфична клаузула според која тој можеше да замине од клубот како слободен играч. Фудбалерот ја искористи таквата клаузула.

Мартинез беше еден од најстандардните во редовите на Барселона минатата сезона во која каталонскиот гигант освои три трофеи. Шпанскиот дефанзивец одлично се вклопи во тактиката на Ханс Флик, но сепак заминува.

Во текот на подготовките Кубарси, Араухо и Кристенсен беа пред Мартинез, па може тоа е причината што тој замина.

Барселона е сложна со ваквиот потег, тоа им одговара бидејќи ослободуваат простор за регистрација на нов фудбалер и ја елиминираат платата на Мартинез од ставката на трошоци.

Договорот кој го имаше Мартинез со Барселона беше со важност до 2026 година и опција за автоматско продолжување на уште една. Со неговото заминување во буџетот на Барселона ќе се ослободат 12 милиони евра.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ