Крилниот напаѓач кој беше еден од најдобрите стрелци во Првата македонска фудбалска лига во есенската полусезона потпиша со Хата. Тој ќе заигра во втората лига во ОАЕ, а таму потпиша до крајот на сезоната.
Во ПМФЛ есента Шефити беше трет на листата стрелци. Тој постигна 11 погодоци на 12 настапи за Арсими и со тоа привлече внимание на себе.
Во кариерата Шефит Шефити играше за Шкендија, Ренова, Арсими, Беса и Приштина.






