За натпреварот од баражот за Светското првенство против Данска, селекторот го објави списокот. На него се најде и Езџан Алиоски кој во минатите години беше меѓу носителите на играта, меѓутоа е под знак прашалник дали ќе настапи во Копенхаген.
Алиоски има проблем со повреда, а според информациите Лугано не дава дозвола фудбалерот да игра за репрезентацијата.
И покрај тоа Алиоски ќе допатува во Скопје и ќе биде прегледан од лекарскиот тим на Македонија пред да се донесе конечната одлука.






