среда, 9 април 2025

Еден гол не беше доволен за бодови, Македонија загуби од Летонија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија со 2-1 загуби од Летонија на домашен терен во рамките од второто коло во групата 6 (сегмент) Ц од новото издание на Лигата на нации за пласман на СП 2027.

Објавено на

часот

Сподели

На тренинг центарот „Петар Милошевски” двете репрезентации одиграa возбудлив натпревар со многу шанси.

Летонките постигнаа гол уште во 2. минута преку Миксоне.

Македонија брзо се стабилизираше и успеа да изедначи во 31. минута со гол на Максути.

Миксоне во 81. минута даде и втор гол кој значеше победа за Летонија од 2-1.

На 8. април, женската репрезентација на Македонија на гостински терен ќе игра против Косово во рамките на третото коло од нашата група.
Македонија: Панчурова, Бошеска, Коларовска, Николовска, Меијер, Мустафа, Андонова, Андреевска, Нацева, Максути, Рочи;

Селектор: Александар Андов;

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ